Започнува Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2011 година“

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска вечерва (петок,  15 јули 2011 година) со почеток во 21:00 часот на локалитетот Стоби ќе се обрати на свеченото отворање на 10-тото, јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2011 година“.

Публиката ќе види вкупно седум претстави на годинашниот фестивал на античка драма „Стоби 2011“, кој од 15-ти до 30-ти јули 2011 година, ќе се одржи во амфитеатарот од античкиот локалитет Стоби. Театри од пет земји, Србија, Босна и Херцеговина, Турција, Хрватска и Македонија ќе се претстават , со четири странски и три домашни изведби.

You May Also Like