Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (петок, 16 јули 2011 година) во 13:00 часот ќе присуствува и ќе се обрати на промоцијата на монументалната скулптура „Ѓорѓија Пулевски” поставена во центарот на селото Галичник во близина на селската чешма и црква.
Носител на проектот е Музејот на Македонија, а автор на скулптурата е академскиот скулптор Сретко Јовановски, виш конзерватор во Музејот на Македонија.
Истиот ден во 12:00 часот, во Галичник, Канческа-Милевска ќе присуствува и на отворањето на изложбата на дела од Лазар Личеноски во рамките на „Галичкото културно лето 2011“. Оваа презентација на дела од Личеноски е дел од настаните поврзани со чествувањето на 110-годишнината од раѓањето на овој доајен на македонската современа уметност.