Денеска (петок,27 јули) започнува 42-рото издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола.
На фестивалот организиран од Центарот за култура Битола ќе настапат над 30 фолклорни ансамбли од Македонија, Австралија, Северен Кипар, Хрватска, Србија, Бугарија и Грција. Фестивалот ќе трае четири дена и свечено ќе биде затворен со концертот на групата „Љубојна“ што ќе се одржи на 30 јули во античкиот локалитет „Хераклеа’ со почеток 20:00 часот.
Фестивалската програма содржи две вечери на традиционална музика и игра, староградска вечер и интернационална вечер на која ќе настапи атрактивен ансамбл од Северен Кипар заедно со другите гости од странство.
Посебен белег на фестивалот ќе му дадат и придружните манифестации: „Проекции на етно филмови“, „Песна на Широк Сокак“, „Ехо од дамарите“, Семинарот за традиционална музика и игра, дефилето „Со песни и ора низ битолските улици“ и манифестацијата „Оро на Широк Сокак“.