Изложба „Динка со студентите“

Вечерва бо Културно информативниот центар (КИЦ), во Изложбениот салон– Империјал 2 (сабота, 15 декември 2018), во 19:00 часот, ќе се отвори изложбата „Динка со студентите“.

Под мотото, „Уметниците – студентите за Динка“ изложба во чест на проф. Костадин Танчев – Динка, кој со својата професионална посвестеност изгради неколку генерации млади графички дизајнери. Освен во графичкиот дизајн, професионално бил ангажиран со студетите и во театарската сценографија, филмската анимација и графиката.

Ова е изложба на автори од Република Македонија дипломирани студенти од класите на проф. Костадин Динка Танчев.

Авторите се од разни генерации, кои творат во различни медиуми како дизајн, сликарско, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео, инсталација итн. Љубовта, времето, ги поврзува сите овие уметници и прави една симбиоза на нивните трудови ставени во еден простор во одредено време.

На изложбата излагаат 28 автори со 28 дела (едно дело ќе биде изложено и од проф.Танчев).

Изложбата ќе биде отворена до 25. 12. 2018 година.

You May Also Like