Вечер на поезијата во хрватски Пазин со Никола Маџиров

Во хрватски Пазин во „Куќата на писателите“ денеска (четврток, 26 јули) ќе се одржи вечер посветена на поезијата на Никола Маџиров, а неделава тој ќе чита свои песни и во Пула.

Претставувањето ќе е во вид на портрет-разговор со модераторите и со публиката. Никола Маџиров е избран меѓу десет автори за 2012 година и поканет на книжевен престој во „Куќата на писателите“ во Пазин од 7 јули до 5 август.

Ќе бидат читани песни од хрватското издание на неговата книга „Преместен камен“ објавена од издавачката куќа „Фрактура“, во превод на Борислав Павловски.  Маџиров ќе продолжи со книжевните патувања и во Австрија и Словенија.

You May Also Like