„Снежната кралица“ нова детска претстава во Штип

Детската претстава „Снежната кралица“ премиерно ќе биде изведена в понеделник (9 март, 2013) во 19:00 часот во НУ Центар за култура „Ацо Шопов“во Штип.

„Снежната кралица“ е работена според славното дело на Ханс Кристијан Андерсен, а актерките Елена Шорова и Марија Минчева се јавуваат во улога на режисерки.

Во претставата учествуваат околу 30-тина деца од детското драмско студио и ова ќе биде нивна втора претстава по минатогодишното деби со претсавата „Во светот на басните“.

 

извор: regioni.mk

You May Also Like