Агенцијата за млади и спорт објави конкурс за млади поети на возраст од 15 до 29 години во рамките на програмските определби за промовирање на творештвото на новите генерации во областа на пишаниот збор.
Друштвото на писателите на Македонија учествува во проектот „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт.
Жири комисијата на ДПМ во состав: Вера Чејковска, Кочо Топузоски и Миле Јовановски – Поречанец, ќе додели три најгради за најуспешните песни од 86 пристигнати предлози на конкурсот под наслов „Млади поети“ што го распиша Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Покрај плакета, младите поети ќе добијат и паричен износ, за првата награда – 15.000 денари, за втората 10.000 денари, а за третата 5.000 денари.
Агенцијата за млади и спорт објави конкурс за млади поети на возраст од 15 до 29 години во рамките на програмските определби за промовирање на творештвото на новите генерации во областа на пишаниот збор.
Наградените песни и поширок избор од најуспешните стихови пристигнати на конкурсот ќе бидат објавени во заедничка збирка. Промоцијата на книгата ќе се одржи во Домот на македонските писатели, во соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и ДПМ.