Одбележување на 15 април – Светски ден на уметноста

Денес, (понеделник, 15 април) во Даут пашиниот амам ќе се одржи целодневен настан, исполнет со неколку активности…

По повод одбележување на Светскиот ден на уметноста, а во рамки на проектот „15 април – Светски ден на уметноста“, Центарот за Визуелна комуникација Ефектива со поддршка на општина Центар ќе им понудат на граѓаните на Скопје несекојдневно визуелно и едукативно доживување.

Светскиот ден на уметноста се одбележува од 2012 година, а годинава Скопје ќе се приклучи на овој глобален настан.

Користа од овој настан за јавниот живот е многукратна, но на прво место е воздигнувањето на обичниот човек над секојдневието и збогатувањето на естетските и културните вредности на граѓаните. Целта е приближување на вистинската уметноста до граѓаните.

Изложба под отворено небо, ликовен конкурс за учениците од основните училишта во Центар, едукативни работилници, трибина се дел од настаните кои на 15 април ќе придонесат одредени делови од Скопје да станат вистински уметнички катчиња.

You May Also Like