Дино Имери со солистички концерт во Загреб

Младиот македонски пијанист Дино Имери, со солистички концерт вчера свечено ја затвори изложбата „10 стари клавири“, организирана од Музејот за уметност во Загреб. Тој настапи со дела од Бетовен, Равел и Лист, а потоа и на два биса на барање од публиката.

– Секој настап за мене е задоволство, но концертот во Загреб ќе ми остане во сеќавање, пред се, поради прекрасната реакција од публиката и ретката можност да се настапи на историски инструменти чиј звук бил присутен низ вековите и во рацете на многу значајни пијанисти, изјави Дино, кој е студент на четврта година на ФМУ во Скопје, во класата на професор Романов.

Изложбата во Загреб која е поддржана од хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ,  е резултат на долгогодишна и макотрпна работа на Љубомир Гашпаровиќ. Тој самиот ги собирал и реставрирал инструментите кои беа изложени во Музејот за уметност. Колекцијата содржеше инструменти стари преку 70 години.

You May Also Like