Филм за Виктор Вазарели во Остен

Денеска (27 мај 2013, понеделник) во 12:00 часот во галерија ОСТЕН, премиерно ќе се прикажува портрет филмот на Виктор Вазарели.

Во соработка со амбасадата на Унгарија, филмот е добиен од архивите на Националната телевизија на Унгарија во Будимпешта. Во него уметникот зборува за себе и за своите дела, а прикажани се и многу документарни податоци за неговиот живот и творештво.

Според моето мислење, очите претставуваат еден од најважните органи на човечкото тело. Другите, на пример ушите, се разбира имаат исто така големо значење во нашето секојдневно опстојување, но, сепак, очите се единствен орган на визуелната перцепција. За жал, никој не помислува на многу битниот факт, дека очите се лишени од правото да ја забележуваат и прифатат убавината на минатото и на сегашноста. Тоа значи, дека самите уметници, уште многу одамна, започнаа војна против сé што претставува поим за убавина и, се разбира, естетика…“ (Виктор Вазарели – извадок од филмот)

Повторна проекција на филмот ќе има истиот ден во 14 ч. и во 16 ч.

Со проекцијата на портрет филмот на Виктор Вазарели се затвора изложбата „Виктор Вазарели“ во галерија ОСТЕН, организирана во соработка со Делегацијата на Европската Унија, Амбасадата на Унгарија, Францускиот институт и Македонски Телеком.

You May Also Like