Театар 007 со „Последната лента на Крап“ од Бекет, вечерва во Универзална

Независната продукција „Театар 007“ на крајот од сезоната 2011/2012 година вечерва (понеделник, 7 мај) со премиерна изведба на најавангардната претстава во Македонија, „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во режија на Ристо Алексовски, во која главната улога ја толкува актерот Златко Митрески.

„Последната лента на Крап“ е уникатно читање на еден од најатрактивните текстови на Семуел Бекет. Таа со помош на актерската игра на Златко Митрески и знаковната партитура на режисерот Ристе Алексовски, зборува за вечниот копнеж на човекот за остварување на своите соништа и идеали.

Со оваа претстава „Театар 007“ ја заокружува богатата театарска сезона, која резултираше со голема посетеност на претставите од редовниот репертоар. Оваа сезона исто така создадовме и нов простор, т.н. „Новата сцена“ при Универзална сала, која ќе биде местото за создавање алтернативни претстави, како што е и најновата премиера „Последната лента на Крап“. Од септември, на реновираната „Нова сцена“ при Универзална сала, ТЕАТАР 007 планира да постави уште неколку камерни претстави за кои веруваме дека ќе бидат предизвик за македонската публика, вели Миодраг Костиќ, продуцент на Театар 007.

Премиерата на претставата е закажана за вечерва (понеделник, 07 мај), со почеток од 20:00 часот, на „Новата сцена“ при Универзална сала. Првата реприза до крајот на оваа сезона е на 22 мај.

You May Also Like