Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Амбасадата на Република Чешка ја организираат Интернационалната детска ликовна изложба „Лидице“, која ќе се отвори денеска (вторник 7 мај 2013 година) со почеток во 20:00 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Изложбата претставува репродукција на најдобрите дела создадени од деца од целиот свет. Покрај уметничките цртежи создадени од деца од Чешка, има и од Азербеџан, Белорусија, Бразил, Бугарија, Кина, Куба, Египет, Грузија, Индија, Индонезија, Казахстан, Киргистан, Литванија, Латвија, Севрена Кореја, Полса, Романија, Русија, Србија, Црна Гора, Сингапур, Словачка, Шри Ланка, Турција, Украина, САД и Зимбабве. Меѓу овие цртежи има и четири кои се создадени од деца од Македонија.
Оваа изложба ќе ги воведе посетителите во трагичниот настан на палење на селото Лидице во Централна Бохемија на 10 јуни 1942 година.
Трагедијата на Лидице стана симбол на страдањето на невини луѓе не само во Република Чешка, туку и во целиот свет.