„Евреите во Македонија и холокаустот“ е научноистражувачки проект реализиран во рамките на Институтот за хуманистички и општествени истражувања „Евро Балкан” (Скопје), поддржан од Education, Audiovisual and Culture Executive Agency (Брисел).
Хрестоматијата „Евреите од Македонија и холокаустот: историја, теорија, култура“ приредена од д-р Софија Грандаковска, објавена двојазично (Скопје: Евро Балкан Пресс, 2011) и тематската изложба со историско-документарен карактер, дизајнирана од Жанета Вангели ги претставуваат двата резултати на овој монументален проект. Тие се однесуваат на темата за холокаустот во Европа, т.е. на потесното подрачје на проучувањето на холокаустот над Евреите во Македонија и трагичната судбина на 7. 148 Евреи од Македонија убиени и изгорени во 1943 година во гасните комори во Треблинка II (Полска).
Книгата ќе ја промовира проф. д-р Јован Донев, а изложбата ќе ја отвори проф. д-р Самуел Садикарио на 14 септември (среда), 2011, со почеток во 13:00 часот во галеријата на Македонската академија на науките и уметностите.