Во Гевгелија вчера (четврток, 12 јули) започна фасадирањето на објектот на некогашниот Амам, како последна трета фаза од реконструкцијата на овој споменик на културата.
Со две досегашни фази од санацијата на објектот, комплетно беше уреден внатрешниот простор и беше поставен нов покрив што куполите беа обложени со бакар.
Покрај тоа, хортикултурно и партерно ќе се уреди просторот околу Амамот со поставување плочки и нова ограда. По овие зафати на ова старо културно здание, во Гевгелија ќе биде сместена Ликовната галерија.
Реконструкцијата на Амамамот е со финансиска помош на општина Гевгелија и турската општина Карач од Истанбул со донација во износ од десет илјади евра.