В четврток (14 март, 2013) во 20:00 часот во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „Франкофонски планетариум“ од Киро Урдин.
Станува збор за мултимедијален проект кој опфаќа фотографија, филм,ликовни дела и книжевност.
Изложбата ќе ја отворат министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа Милевска и Лоренс Оер – амбасадор на Република Франција во Македонија.