Меѓународен фолклорен фестивал во Гази Баба

Во рамките на Културно лето Гази Баба 2012, се одржува третиот Меѓународен фолклорен фестивал, на кој учествуваат Ансамбли за народни песни и игри од Полска,  Албанија, Хрватска и домаќинот на Фестивалот, Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“.

Фестивалот ќе трае од 25 – 28 јуни, каде се предвидени четири целовечерни концерти на Ансамблите за народни песни и игри кои преку својот фолклор ја претставуваат својата култура, обичаи и традиција.

Концертите ќе започнат во 20.00 часот, а ќе се одржат:
– 25 јуни на плоштад Автокоманда;
– 26 јуни во спортската сала во општина Сарај;
– 27 јуни во општина Ѓорче Петров;
– 28 јуни концерт на платото под „Камениот мост“ Скопје;

You May Also Like