Синоќа (четврток, 12 јули) на платото на Виничкото кале беше промовирана книгата „Виничка мистерија. Керамичката ризница од доцноантичкото Кале“, најновиот научен труд на д-р Елизабета Димитрова.
Монографија е еден вид репрезентативна публикација за уникатните теракотни икони од Виница и во неа се сумирани сите досегашни сознанија за Виничкото Кале и теракотните икони. Професор д-р Елизабета Димитрова го оживува ранохристијанското време и ги открива пораките на виничките релјефи.
Публикацијата содржи 270 страници со бројни фотографии, а издавач е Музејот „Теракота“ од Виница со финансиска поддршка на опшптина Виница и Министерството за култура.