Кино Милениум репертоар

Ви ги претставуваме филмовите кои се на тековниот репертоар на Градското кино Милениум – Скопје:

ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА ЗМЕЈ (158 мин.)

Пред четириест години, Хариет Вангер исчезнува од традиционалното семејно дружење на островот што го поседува моќниот клан Вангер. Нејзиното тело никогаш не е пронајдено, а нејзиниот вујко е убеден дека нејзиниот убиец е член на неговото поврзано, но дисфункционално семејство.

Тој го најмува новинарот Микел Бломквист и тетовираната, проблематична, но спретна компјутерска хакерка Лизбет Саландер за да го истражат целиот случај. Кога ќе го поврзат исчезнувањето на Хариета и бројните гротескни убиства од пред четирисетина години, почнуваат да ја откриваат мрачната страна на семејството Вангер. Но Вангерови се моќен клан и Блмквист и Саландер ќе мораат на своја кожа да почувствуваат колку се подготвени да отидат далку за да се заштититат себе си и семејните тајни и интриги.

Режија: David Fincher

Улоги: Daniel Craig, Rooney Mara, Christopher Plummer

Проекции: 20:00 и 22:30 часот

МАПЕТИТЕ (103 мин.)

Мапетите пристигнаа во кино „Милениум“. Главните ликови на оваа нова авантура се Гери, Мери и Валтер, кои ќе мораат да ја соберат старата дружина на Мапетите – кои сега се пензионирани – за да го спасат телевизиското студио во кое некогаш се снимаше нивното шоу.

Главниот негативец е Текс Ричмен кој што сака да го уништи студиото, бидејќи под него се наоѓа големо наоѓалиште на нафта. Единствен за да се спречи Тексовото преземање на студиото е да се организира шоу за десет милиони гледачи… Ќе успеат ли Мапетите?

Режија: James Bobin
Улоги: Jason Segel, Amy Adams, Chris Cooper,Rashida Jones, Zach Galifianakis, Ken Jeong, Alan Arkin, Bill Cobbs

Проекции: понеделник-петок 13:00; 15:00 и 17:30 часот
Сабота-недела: 11:00; 13:00; 15:00 и 17:30 часот

You May Also Like