Виртуозите “2 Cellos” на Охридско лето

Вечер (четврток, 2 август, 2012) во 21:00 часот на Античкиот театар во Охрид настапува светски познатото дуо “2 Cellos” – хрватските виoлончелисти Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер.

Хаузер и Сулиќ свират виолончело од рано детство. Сулиќ музичко образование стекнува на Ројал колеџот во Лондон, додека Хаузер на Ројал нортерн музичкиот колеџ во Манчестер. Имаат настапувано во познатите Вигмор и Ројал Алберт Хол во Лондон, потоа на сцените во Амстердам, Виена.

Нивниот успех се должи на  виртуозната изведба на композицијата „Smooth criminal“ на Мајкл Џексон, која поставена на музичкиот интернет портал „Ју-тјуб“ за неколку дена стана светска сензација. Милионската гледаност им донесе договор со „Sony masterworks“ за снимање це-де и покана да бидат дел од светската турнеја на Елтон Џон.

Нивната популарност оттогаш вртоглаво расте, со покани за настапи на најпознатите музички сцени и најпопуларните телевизиски шоуа во Европа и САД.

Сулиќ е добитник на повеќе меѓународни награди, вклучително и на Прва и Специјална награда на Меѓународниот натпревар Лугославски во Варшава. Хаузер, инаку последниот ученик на големиот Мстислав Ростропович, бил првак на дури 21 меѓународен натпревар. Двапати има настапувано пред англиското Кралско семејство во Бакингемската палата во Лондон.

Концертот на “2 Cellos” како дел од музичката програма на Охридско лето 2012 е продолжување на традицијата на фестивалот, по повод големиот македонски празник Илинден, пред македонска ублика да претстави врвни светски музичари и уметници.

You May Also Like