Изведба на балетската претстава „Самсон и Далила“

Во деновите на љубовта, Македонската опера и балет ве кани да уживате во приказната што на сцената ги носи страста, заведувањето, предавството и смртта. Библиска приказна, која ја обработува вечната борба помеѓу ДОБРОТО И ЗЛОТО.

Дозволете вашите емоции овој пат да ги разбранува балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс, во сабота, 15 февруари, 2020г. со почеток во 20 часот

Претставата е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска),  додека во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Евтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Македонската опера и балет и онлајн на www.operabalet.mk

 

You May Also Like