Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (19.5.2011 година) во 14,30 часот во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Штип ќе се обрати на отворањето на новата етнолошка поставка во оваа музејска институција.
Поставката содржи преку 250 експонати кои без малку четири децении се чуваа во депото во Спомен-куќата на штипското семејство Арсови. Меѓу другото, презентирани се градски носии, накит, предмети од дрво, алатки за работа, музички инструменти и други експонати карактеристични за овој регион.
Презентацијата на оваа богата етнолошка поставка претставува дел од заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура за сочувување и негување на македонските вредности и нивна репрезентативна промоција пред македонската и пошироката јавност.