Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје.
Од МВР за МИА потврдија дека нејзината смрт ја пријавил член на семејството синоќа (сабота, 6 април) околу 22.40 часот.
Според извори од истрагата, се работи за самоубиство. Беличанец беше актерка вработена во Драмскиот театар во Скопје.
Таа беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода во периот од 2013/2017.