Претставата „Македонска крвава свадба“ премиерно ќе се одигра на 16 декември (недела), со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Драмскиот театар.
Претставата е во режија на Сташа Зуровац, а актерската екипа ја сочинуваат Јана Стојановска, Жарко Димоски, Игор Ангелов, Ѓокица Лукаревски, Ана Костовска, Гоце Тодоровски, Роберт Вељановски, Софија Куновска, Игор Стојчевски, Ѓорги Тодоровски, Филип Трајковиќ, Калина Наумовска, Никола Ацески, Катерина Шехтанска, Маја Вељковиќ – Пановска, Гордана Ендровска, Диме Илиев, Атанас Тановски, Виолета Шапковска, Душица Стојановска, Валдета Исмаили, Викторија Анѓушева, Марија Кондовска и Александра Павлова.
И учесниците: Дени Синадиновски, Магдалена Трајковска, Оливер Настовски, Тијана Јаневска, Филип Василевски, Минела Богдановиќ, Костадин Балкански, Боркица Марковска, Стефан Младеновски и Тони Петрушевски – Членови на Д.М.Б.У.Ц.„Илија Николовски Луј“-Насока традиционална музика и игра и од Универзутет Гоце Делчев – Штип, ФМУ катедра за Етнокореологија.