Прва палеонтолошка тематска изложба „8 MEGA ANNA“

Прва палеонтолошка тематска изложба со наслов 8 MEGA ANNA, во која e претставено природното фосилно богатство од селото Долни Дисан, Неготино, во петок (8 февруари 2019 година) со почеток во 19 часот, во Природно научниот на Македонија.

Изложбата е плод на 5 годишно истражување на реонот од кои последните две се заедно со тимот од палеонтолози, експерти во својата област од Природонаучниот музеј во Софија.

Изложбата се состои од фосилен материјал од 5 различни видови на мастодонти кои за прв пат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа 5 различни видови од парнокопитните животни, 4 видови од непарнокопитните како и по еден вид од месојадите и приматите, кои со својата старост датираат од пред 8 милиони години.

Исто така, изложбата е збогатена со теренски документарни фотографии од авторот Александар Гаревски.

Изложбата е посветена на проф. Д-р Ристо Гаревски кој поголемиот дел од својот живот го посвети токму на палеонтологијата и нејзиното афирмирање во светот на науката и културата.

Убавината, доготрајноста, реткоста и уникатноста се основните карактеристики на природните богатства, а музејските работници се токму тие кои се должни да ги чуваат, конзервираат и презентираат пред јавноста.

You May Also Like