II MEMORIAM: Почина писателката Ката Мисиркова Руменова

По долго боледување на 82 години почина писателката Ката Мисиркова Руменова.

Ката Мисиркова–Руменова (Постол, (Пела) Егејска Македонија14 септември 1930 – СкопјеМакедонија22 ноември 2012) била македонски раскажувач, романописец, поет и драмски писател.Родена е на 14 септември 1930 година во с. ПостолЕниџе ВардарЕгејска Македонија.

Работниот век го завршила како библиотекар. Член била на ДПМ од 1966 година. Ката Мисиркова-Руменова е внука на Крсте Мисирков. Почина на 82 годишна возраст во Скопје.

Посмртните останки на Ката Мисиркова –Руменова ќе бидата погребани денеска (23 ноември, петок ) на гробиштата Бутел. Ката Мисиркова –Руменова е автор на повеќе од 40 дела, меѓу кои се и романите –’Жешка земја’,’Големите атови’, ’Пранги’.

You May Also Like