Поетско читање и проекција на документарец за Адам Загајевски

Денес сме сведоци како на разни места во светот се издигнуваат нови ѕидови кои ги разделуваат луѓето. Бетонски ѕидови, ѕидови од бодликави жици, или невидливи високи ѕидови изградени за нерамноправност.

Поезијата ги урива ѕидовите, ѕидовите меѓу нас и ѕидовите внатре во нас. Во оваа глобална поетска акција на за свет без ѕидови во февруари во повеќе од 130 земји низ светот се одржуваат поетски настани сплотени со танц, музика, филм и театар.

Во Скопје, во кафе галеријата Котур, на 7 февруари (четврток) од 20 часот ќе се одржи поетско читање и авторски портрети на следниве поети:

Катица Ќулавкова
Долорес Атанасова-Лори
Ѓоко Здравески
Јулијана Величковска
Јосип Коцев
Исток Ј. Улчар
Андреј Ал-Асади
Наташа Сарџоска (модератор)

После поетското читање, ќе следи проекција на документарниот филм за полскиот поет Адам Загајевски чијшто автор е Диме Ратајкоски.


Светското поетско движење (World Poetry Movement) е непрофитна организација и меѓународно поетско движење, основано од 140 поетски фестивали ширум светот, 131 поетски проекти, 1305 поети од 138 нации од сите континенти, кое се залага за мир, социјална правда, соживот меѓу народите и заштита на земјата, преку одржување на глобални поетски акции. Светското поетско движење се залага за свет ослободен од секаква дискриминација меѓу луѓето поради нивната боја, национална или верска припадност, род, социјална положба и верувања. Неговата мисија е да придонесе за создавање на еден инаков и непрекинат хуманизам на 21 век и за интеркултурен дијалог остварен преку братскиот и универзален јазик на поезијата, како и да изгради пат кон преобразба и обнова на свеста на едно човештво за мир, кое ќе биде помирено со природата и културната разноликост, како и кон правда и социјално учество за сите жители на оваа планета.

You May Also Like