Лејди Гага на Оскарите во придружба на менаџерот

Лејди Гага на вечерашната церемонија на доделување на филмските награди Оскар, ќе биде придружувана од нејзиниот долгогодишен менаџер Боби Кембел.

Таа е номинира за Оскар за најдобра главна женска улога за филмот „Ѕвездата е родена“, неодамна ја раскина свршувачкато со нејзиниот агент Кристијан Карино.

Пријатели на Лејди Гага коментирајќи го раскинувањето со Карино изјавија дека „врската меѓу нив не би имала перспектива на подолг рок“.

Лејди Гага и Карино се свршија минатиот октомври, а заедно беа од почетокот на 2017 година, кусо откако Лејди Гага раскина со глумецот Тајлер Кини.

Двојката изгледаше среќно на доделувањето на наградите Златен глобус во јануари, но на свеченоста по повод доделувањето на наградите Греми пред две недели, Лејди Гага се појави беа големиот свршенички прстен.

You May Also Like