На денешен ден: Роден е Родољуб Анастасов

На денешен ден роден е Родољуб Анастасов (Скопје, 25 февруари 1935), еден од најзначајните македонски сликари и еден од првите претставници на енформелот кај нас.

Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброил Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21 век.

Школувањето го оформуваа во „Художественото школо“ во Скопје во класата на Лазар Личеноски, додека предметот акт го слуша кај Димитар Пандилов. Анастасов завршува Училиште за применета уметност во Скопје во 1954 година.

Во 1955 станува вонреден студент на Вишата педагошка школа во Скопје – ликовен отсек каде му предавал Васил Коџоман. Во 1962 година дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград. Од 1963 до 1965 година бил на робија на Голи Оток. По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност.

Првата самостојна изложба ја има во 1966 година. Од 1980 година па се до пензионирањето, бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Самостојно изложувал во Скопје, Нови Сад, Белград, Љубљана, Сараево, Загреб, Париз. Негови дела се излагани во многу земји во светот.

По фазата на енформелот во шеесеттите, работи дела во духот на фотореализмот и надреализмот. Создал неколку циклуси („Човек и небо“, „Човек и време“, 1975–1978).

Од 1978 година работи на циклусот „Човек и простор“.

You May Also Like