Мажите кои што живеат во близина на прометни сообраќајници и се поизложени на загаден воздух, имаат поголем ризик од проблеми со epeкцијa и неплодност, покажуваат истражувањата на Универзитетот Гуангџоу во Кина.
Во лабароториските испитувања направени над стаорци, се утврдило дека оние изложени на загадување какво што има во близина на прометни сообраќајници, имале повеќе проблеми со еректилна дисфункција.
Во испитувањето со стаорци имало четири групи. Првата група била изложена на загаден воздух два часа дневно во текот на три месеци, втората на четири часа, третата на шест, а четвртата, контролна група, била поштедена од вдишување загаден воздух, стои во извештајот од истражувањето објавено во стручното списание Journal of Sexual Medicine.
Резултатите ги загрижува научниците бидејќи тоа значи дека токсичните честички влегуваат во крвотокот и стигнуваат до гeнитaлиитe, отежнувајќи го протокот на крв, а тоа резултира со знаци на epeктилнa дисфункција.
Загадувањето влијае и на капацитетот на белите дробови, што значи дека мажите кои се изложени на загаден воздух побрзо се заморуваат за време на ceкc и имаат помала издржливост.
Загадувањето може да влијае и на плодноста кај мажите. Машката неплoднocт пред 20 години беше причина за брачна нeплoднocт во 20% од случаите, а денес изнесува 40%.
Мажите изложени на загаден воздух имаат поголем ризик од нeплoднocт, во споредба со здрави мажи кои се помалку изложени на загадувачи или воопшто не се.