Почина Лиса Мари Присли, ќерката на Елвис

Лиса Мари Присли, ќерката на кралот на рокенролот Елвис Присли, почина на 54-година возраст (1 февруари 1968 – 12 јануари 2023). Била пронајдена без свест во својот дом во Калифорнија, и веднаш пренесена во болница, каде што не успеле да ја спасат. Според првичните информации, Лиса Мари починала од срцев удар.

Таа тргна по стапктие на својот татко, и имаше музичка кариера. Првиот албум го издаде во 2003 година. Имаше многу бракови, се мажеше четири пари, а најпознати бракови и беа со актерот Николас Кејџ и со поп иконата Мајкл Џексон. Имаше четири деца, а едно од нејзините се самоуби во 2020 година.

Лиса Мари Присли присуствува на неодамнешната церемонија на доделувањето на Златни глобуси, каде Остин Батлер беше награден за најдобар актер за улогата за филмот Елвис, посветен на нејзиниот татко.

Само два дена пред нејзината смрт, таа прими награда на манифестацијата Златен Глобус.

 

You May Also Like