Вечерва (среда, 1 февруари 2012 година) во Џубокс добивате две незаборавни возења со само еден билет. Актерот Бојан Велевски и авторот на „Ај сечи Перо“, Горан Ман, ќе сервираат дупла доза stand-up комедија. Смееме само да откриеме дека ќе се анализираат машко-женските односи и охридско-скопските закачки, а останатото ќе го слушнете во живо, со почеток во 22:00 часот.
Влезницата за вечерашниот настан е 150 денари.
Бојан Велевски http://www.youtube.com/watch?v=aLcqeotFzWA&feature=relmfu
Горан Ман http://www.youtube.com/watch?v=kX6BpmeVMZY&feature=related