Андреа Бочели и нашиот Благој Нацоски во „Ромео и Јулија“

Македонскиот тенор Благој Нацоски за прв ќе биде дел од операта „Ромео и Јулија“ на Шарл Гуно, во театарот Карло Феличе. Пробите се во тек, а премиерата ќе биде на 24 февруари со почеток во 20:30 часот. Улогата на Ромео ја толкува Андреа Бочели, а Јулија е Маите Алберола од Шпанија.

Освен познатиот тенор Бочели, во оваа продукција има уште две звучни имиња од светската оперска сцена. Диригентот Фабио Луизи, кој е музички директор во Метрополитен Опера од Њујорк и режисерот Жан Луј Гренда, директор на операта од Монтекарло. Предвидени се и пет репризи до 4 март, а дискографската куќа „ДЕКА“ ќе сними ДВД и компакт диск. И покрај тоа што најниските цени на билетите изнесуваат 170 евра, сите претстави се веќе распродадени, а раководството на театарот размислува да воведе уште претстави.


„За прв пат ќе ја толкувам улогата на Тибалт кој на сцената е братучед на Јулија и голем ривал на Ромео. Чест ми е што ќе бидам “убиен“ токму од Анреа Бочели со кој ќе настапам за прв пат“, вели Нацоски.

You May Also Like