Подготвителниот курс по филмско и ТВ снимање е наменет пред се’ за кандидати кои имаат желба да се запишат на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата за Филмско и ТВ снимање.
Основна цел на курсот е своевидна подготовка на учесниците за изработка на снимателските фото и видео задачи, како и решавање на специфичните снимателски проблеми кои може да се јават при реализација на истите.
Курсот ќе претставува симулација на приемниот испит со сите негови специфики и карактеристики. Модератор и водител на курсот:
Вон. проф. м-р Горан Трпчевски, професор по Филмско и ТВ снимање и Фотографија на ФДУ – Скопје;
Курсот трае од 1 март до 30 март 2012 година, 4 часа неделно;
– Почеток – 01.03.2012 година, 17:00 часот, Факултет за драмски уметности во Скопје;
– Број на учесници – максимум 10 во група.
На курсот може да се запишат:
– кандидати за студии по Филмско и ТВ снимање без посебни предуслови и
– кандидати кои сакаат да се занимаваат со филмска и телевизиска уметност.
За дополнителни информации:
телефон: (02) 3061 188
e-mail: gorantrpchevski@ukim.edu.mk