Концерт на Васил Хаџиманов во Скопје

В среда (22 август, 2012 година) во Сектор 909, по цели 10 години пауза, гостува  еден од најпознатите клавијатуристи во регионот Васил Хаџиманов. Концертот започнува на полноќ.

Хаџиманов во Сектор доаѓа со оригинална постава со својот белградски бенд,односно со Пеџа Милутиновиќ на тапани, Мирослав Товираќ на бас, Бојан Ивковиќ на перкусии и Бранко Тријиќ на гитара.

Васил Хаџиманов, инаку син на познатиот македонски музичар Зафир Хаџиманов, е препознатлив по комбинирање на балканските традиционални, фолк ритмови и западните модерни музички стилови – џез, фанк во автентичен и нов пристап во џез музиката. Има издадено 3 албуми, а се потпишува и како автор на музиката за филмовите „011 Белград“ и „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“.

Во клубот Сектор 909, на 29 август ќе настапи уште еден познат музичар со македонско потекло Владимир Четкар.

You May Also Like