„Токсикологија мјузик“ во еколошко движење

Коалицијата “Екологијата Приоритет” во рамките на својата кампања „Сакаме кул градоначалници за жешки точки!“ во соработка со Македонската хип хоп издавачка куќа Токсикологија мјузик најавуваат нова песна и спот со цел информирање и потикнување иницијатива кај граѓаните за решавање на големиот проблем со загадувањето во државата.

Песната насловена “Направи чекор” испраќа порака до сите граѓани и надлежните власти да превземат одговорност за еколошките жешки точки и да се активираат во нивното конечно решавање. Спотот е сниман на различни локации во Скопје и навестува навикнување на животот под гас маски доколку не се преземе нешто. Сите останати информации може да ги најдете на Фејсбук. Во прилог слушнете ја песната и погледнете го новиот видео запис на Пука козметика и Скитара од Токсикологија мјузик.

You May Also Like