Детска претстава „Белиот тигар“ во МКЦ

Членовите на Драмското и Балетското студио од Детскиот креативен центар – Скопје за крајот на училишната година ја подготвија претставата „Белиот тигар“, која премиерно ќе се одигра денеска во Џебното кино на Младинскиот културен центар …

Детскиот креативен центар при МКЦ работи од 1997-та година и опфаќа деца од најмала па се до 12-годишна возраст. Децата низ игра и дружење ги развиваат своите способности за креативност, ја поттикнуваат и развиваат нивната индивидуалност како и потребата за колективна работа и споделување на предметите со другите деца без разлика на нивниот социјален статус или религиозна припадност.

Во центарот работат балетското, драмското и ликовното студио. Покрај претставата посетителите денеска ќе имаат можност да ја видат и годишната изложба која ја подготвија редовните членови на Ликовното студио на ДКЦ.

You May Also Like