Седум дни до првото издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади!“ кој ќе се одржи на 22 и 23 април во салата “25 мај” во Младинскиот културен центар во Скопје.
Првото издание на нашиот фестивал донесува нови и свежи имиња од светската музичка сцена. Од регионот ни доаѓаат Hemendex, Kriške, Nasekomix, The No Sin, како и домашните Хахаха и Ади. Артистите од регионот сцената во МКЦ ќе ја делат со неколкуте надоаѓачки европски и светски ѕвезди: No Age, Bomb the Bass, Handsome Furs, Ulrich Schnauss и Lushlife. Фестивалското отворање е закажано за 22. април во 20 часот.
Влезниците за фестивалот се сеуште по популарна цена од 500 денари (дводневна фестивалска влезница) и 300 денари (еднодневна). На самиот ден на фестивалот дводневната влезница ќе чини 700 денари, а еднодневната 400. Претпродажните места за Здраво Млади! фестивалот се: Југотон, Лаика, Браво, Ла Кања, Дамар, Круг (Аеродром), Чакра и Балет.