Токсикологија најавува голем концерт

Токсикологија Мјузик за ова лето најавува незаборавна хип-хоп журка што ќе се одржи на 23 јули 2011 година, на Антички театар во Охрид, со почеток во 20:00 часот.

По успешните концерти „Хип-хоп револуција“ од 2009 година и „Јас сум хип-хоп“ од минатата година што се одржаа на истот датум во Античкиот театар, нема сомнеж дека ова ќе биде уште еден од низата брилијатни концерти. Веќе преминува во традиција и 23 јули ќе прерасне во датум кога Македонија е во знакот на хип-хопот, размрдана во бисерниот Охрид од фантастичните скопјани.

На сцената ќе се придружи Тони Зен како дел од најдобрата македонска рап екипа Токсикологија. Поконкретно, свое музичко преставување ќе имаат Скит Скитара, Пука Козметика, Сиги, Желе, АцеНЛ, Џоле, Слаткаристика, Дј Номадузз, Дј Димитри Је Ја, Соба 2 и Кацар.

Во рамките на револуционерниот хип – хоп концерт покрај квалитетната „Ново Лисичарска“ музика ќе следува и изненадување за присутните.

Влезниците се пуштени во продажба од 1 јули во продажните мрежи на TOBACCO и Together низ Македонија.

Цените се следни:
– Од 17.07 до 23.07 —–350 денари
– Вечерта на 23-ти со почеток од 19 часот —450 денари  на врата

Дополнително за најсреќните, ќе бидат пуштени 20 000 флаери, од кои 4 000 флаери ќе бидат со одреден жиг, со кој ќе може да се рефундираат 50 денари од цената на билетот на влезот на Антички театар непосредно пред почнувањето на концертот.

Бидете таму, 4екераукц!

You May Also Like