На програмата на Бит Фест за денес, (понеделник,18 јули 2011 година) се предвидени следните настани:
„Дуо Скупи“
Јета Старова Мехмети – флејта,
Ермал Мехмети – виолина
Настанот ќе се одржи во НУ Завод и Музеј , со почеток од 20:30 часот, влез слободен
ДУО СКУПИ е формирано во 2006-та година. Од тој период со голем успех настапува на значајни манифестации и рецитали во Македонија (Охридско Лето, Есенски Музички , Топол Културен Бран, Скопско Лето, Битолско Лето и Салон 19/19) во Европа (Франција, Италија, Албанија, Црна Гора, Србија, Косово, Бугарија) и САД.
Добитник е на признание “Distinguishes musicians” на меѓународниот натпревар во Рагуза – Италија.
Во Скопје, Република Македонија, ДУО СКУПИ е добитник на едно од најзначајните признанија во Македонија:Статуетка за хумани и музички активности ,,Мајка Тереза“.
Јета Старова Мехмети настапува во Македонија (Скопско лето, Охридско лето, Битолско лето..) и Европа и како солист со Македонската Филхармонија, Оркестарот на МОБ, Мандолинскиот оркестар при МКЦ. Во 2009 година членува во најголемиот оркестар на флејти ,,International Flute Convention”, Њујорк под диригенство на светски познатиот флејтист, sir Janes Galway, настан влезен и во Гинисовата книга на рекорди.
Ермал Мехмети е разноврсен музичар, активен е не само како виолинист на домашната и меѓународната сцена, туку и како композитор и аранжер во разни форми и сфери во музиката, каде успева да го замени звукот на електричната гитара со звукот на виолината.
Добитник е на награда за најдобра композиција во Италија во 1995 година. Делото е емитувано на Rai Uno. Добитник е на награди на Фестивалите „Тeens Fest“ и „Nota fest“.
Нивната програма на БИТ ФЕСТ ја сочинуваат композициите: Со убави цветови, Пролетен ветер, Песните од мојот крај, Марѓело, Еден цвет, Извори, Илбер, Икавица, Те сакам мало моме, Овчарка.
Сите композиции се обработка на традиционална албанска музика.
Оваа вечер ќе биде збогатена и со експериментал акустиката на Cord Core кои на Битолско културно лето доаѓаат од Франција. Cord Core ќе настапат пред Битолската магаза од 21:00 часот.
,,Ѕвездена орбита на популарноста“ е третиот настан на Битфест за оваа вечер, кој ќе се одржи на Плоштадот Магнолија со почеток во 21:00 часот.