„Синестезија“ следната сабота во Хавана

На 06-ти април (сабота) во клуб Хавана, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи петтиот по ред културен настан „Синестезија“. Проект кој ги спојува сликарството и музиката во едно.

Публиката ќе има можност во живо да го проследи творечкиот процес на тројца уметници од поновата генерација:
Симона Ѓоргиева
Владимир Илиевски
Гоце Илиевски

Музичкиот дел од настанот ќе биде резервиран за веќе добро познатите
Летечки Пекинезери, а гости на вечерта ќе бидат Оливер Јосифовски, како и блуз дуото In the mood.

Во рамките на настанот, акцент се става на изложбата на слики од претходните настани кои ќе бидат на продажба и средствата од продадените дела ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

You May Also Like