Почна „Пастрмалијадата“ во Штип

Синоќа (28 септември, 2012 година) на плоштадот „Слобода“ во Штип започна манифестацијата „Пастрмалијада“.

На плоштадот се поставени 30-ина штандови на кои штипските ресторани и кафеани служат пастрмалии по цена од 100 денари.

Оваа година очекувањата се да се изедат околу 50.000 пастрмајлии.

Предвидена е и богата културно-забавна програма на која ќе учествуваат Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Роберт Билбилов, Зоран Илиев и Тања Блажева.

Денеска ќе настапи Бајага и групата Суперхикс, како и фолклорни ансамбли и дувачки оркестри.

Во недела завршува уште манифестација која прераснува во традиција.

 

You May Also Like