Денеска (1 април, вторник) е последниот ден од промотивната акција за продажба на првиот контингент влезници за концертите на С.А.Р.С. и DOG EAT DOG во Скопје.
Уште денеска влезниците можат да се набават по промо-цена од 250 денари за концертот на С.А.Р.С. и 300 денари за концертот на DOG EAT DOG.
Веќе во среда (2. април) ќе важи следната цена на влезниците во претпродажба која ќе остане иста сè до денот на одржување на концертите. Имено, влезниците за концертот на С.А.Р.С. од 2. април ќе чинат 300 денари, а на 10. април на билетарата на „Експо Центар“ ќе се продаваат по полната цена од 350 денари. За концертот на DOG EAT DOG пак, цената на влезниците во претпродажба ќе изнесува 350 денари, додека на денот на концертот, 15. мај, на билетарата на „Младински Културен Центар“ цената на картите ќе чини 400 денари.
Остануваат само уште десетина дена до големата концертна промоција на новиот албум на С.А.Р.С., насловен „Иконе поп културе“, која еден од најбараните авторски бендови во регионот ќе ја одржи на 10. април во „Експо Центар“ во Скопје. „Иконе поп кулруте“ е четврто студиско издание на бендот кое брзо поставува нови рекорди на групата, на што во прилог одат и рекордно распродадените последни концерти низ регионот. Како гостин на концертот на едно од главните музички имиња на т.н. Нова Српска Сцена ќе настапи и популарниот македонски артист Драган Величковски – ТАЈЗИ кој ќе ги претстави своите хитови од албумот „Нешто поинакво“ кој ја одбележа 2013 закитувајќи се и со признание за „Албум на годината“.
Американскиот кросовер бенд DOG EAT DOG пак, во рамки на својата пролетна турнеја за 2014 година, ќе ја посети и Македонија со концерт кој ќе се одржи на 15. мај во МКЦ во Скопје! DOG EAT DOG, групата која зад себе има 24 години постоење, конечно ќе настапи со свој самостоен концерт пред македонската публика. Домашната публика го памети одличниот, прв и до сега единствен настап на DOG EAT DOG кај нас, кој се одржа во 1995 година во рамки на „Т Фестивал“ во Скопје, а речиси 19 години подоцна, овој енергичен состав повторно доаѓа во Македонија и тоа прославувајќи 20 години од објавувањето на својот прв легендарен албум „All Boro Kings“.
Влезниците за двата концерти се достапни во продажната мрежа на МКтикетс:
• Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол), Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
• Во Скопје: Југотон ГТЦ 1 кат, Кафе Круг (Аеродром), Кафе Браво, МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево и МКЦ (само за концертот на DOG EAT DOG).
• Онлајн преку интернет страницата на МКтикетс.