Избрани најдобрите 20 македонски евергрини

Настанот е организиран од страна на продукциската куќа “Green Entertainment”, во соработка со ПР агенцијата „Chapter 4“ Македонија. Дваесетте избрани песни ќе бидат изведени на 26 октомври во Универзална сала.

Изборот на 20-те нумери веќе е познат за јавноста. Уметнички директор е Драган Б.Костиќ, кој пред официјалниот почеток на изборот, предложи 124 нумери. Од нив, новинарите од медиумите со кои соработува продукциската куќа избраа 100 композиции. По ова следуваше 4 неделно гласање од македонската јавност. Граѓаните преку СМС пораки гласаа за своите фаворити на а можеше да се гласа и по електронски пат на веб страницита на магазинот „ТЕА Модерна“.

Комисијата, составена од пет члена, секоја недела правеше бодување на песните од двата начина на гласање и одлучуваше кои песни ќе го продолжат патот кон освојување на епитетот ЕВЕРГРИН.

Дваесетте избрани песни кои ќе бидат изведени на 26 октомври во Универзална сала се:

1. Сите мои слики – Ареа
2. Моја гитара – Банкрот блуз бенд
3. Дал да плачам ил да пеам – Бис Без
4. Галебе – Верица Ристевска
5. Кажи нешто драга – Драган Мијалковски
6. Љуби ме и главата горе – Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ
7. Како Вардар – Зафир Хаџиманов
8. Остани во мене – Калиопи
9. Ивана – Кемал Монтено
10. Високи штикли и црни чорапи – Конкорд
11. Неправда – Лева патика
12. Сонце за три светови – Мики Јовановски – Џафер
13. Кажи зошто ме остави – Никола Боби Автовски
14. Еден бакнеж – Нина Спирова
15. Се што сакав по тебе – Симеон Гугуловски
16. Тајно моја – Тоше Проески
17. Осамен – Трајче Манев
18. Срце тетовирано – Трифун Костовски и Александар Митевски
19. Кога те нема – Хелена Благне
20. Роза сина – Диме Поповски и Зоран Милосавлевиќ

You May Also Like