Денови на комедијата во Гевгелија

Во рамките на манифестацијата „Гевгелија – град на културата 2011“, месец октомври завршува со денови посветени на комедијата.

Од 31 oктомври до 3 ноември 2011 година, во Гевгелија ќе бидат одржани Денови на комедијата. Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2011“ ќе настапат: МНТ со претставата „Тупаница полна со љубов“ во режија на Санди Лопачиќ, Драмскиот театар од Скопје со „Грев или шприцер“ во режија на Дејан Дуковски, Театарот Колозов со претставата Женско царство во режија на Шенка Колозова и театарот од Благоевград, Бугарија со претставата „Живот макар и краток“ во режија на Игор Дамјанов.

Сите претстави ќе се одржат во салата на Пионерски дом, со почеток во 20 часот.

You May Also Like