Вчера вечер (понеделник, 27 август) со настапот на светски познатиот ди-џеј Дејвид Моралес на Широк Сокак беше „спуштена завеста“ на Бит Фест 2012.
„Ова е моја прва посета на Битола, на фестивалот БИТ ФЕСТ. Пристигнав на полноќ. Во Македонија досега сум настапувал два пати во Охрид и два пати во Скопје. Од мојата последна посета на Македонија можеби имаат поминато 3- 4 години …во Битола доаѓам од Миконос каде го прославив мојот роденден. После мојот роденден не сакав никаде да настапувам и работно да го поминам тој период. Меѓутоа мора да сфатите дека уметноста не е во парите, не е во финансискиот аспект, уметноста е во тоа што им се дава на луѓето. И јас никогаш не сум бил поттикнуван од финансискиот дел на договорот, јас сакам да пуштам музика …тоа е мојата уметност и тука завршува мојата работа“.
Бит Фест е најдолгото културно лето во Македонија и годинава на него беа одржани околу 170 настани. Освен настапот на Моралес, публиката ќе ги запамети и концертот на Горан Бреговиќ, фестивалот АКТО, Илинденски денови…