Завршен годишен концерт на музичкото рок училиште Ентерпрајз

Ентерпрајз, единственото рок музичко училиште во Македонија, ве поканува на концерт, кој полека но сигурно, преоѓа вотрадиција. Вечерва, (петок, 10 јуни 2011) со почеток во 20:00 часот, во просториите на дискотеката Хард Рок, до МКЦ.

Фантастична журка, добра рок музика, громогласни тапани, дисторзирани гитари од кои ќе ви застане здивот, ултра ниски басови и фантастични рокерски гласови!

Mладите рокери, ќе се претстават со одличен репертоар кој макотрпно го подготвувале во текот на изминатава учебна година, а вие сте задолжени да уживате во нивното музицирање, да направите по некоја фотка и да ја постирате на фејсов. Бидете сведоци на раѓањето на новата музичка сцена во Македонија!

Овој пат со ексклузивни гости, за кои нема ама баш ништо да ви откријат, нека остане изненадување! 🙂

You May Also Like