Започна „Дојран Гурман фест“

Денеска (недела, 26 мај) во паркот во Нов Дојран започан нова манифестација „Дојран Гурман фест“, една од многуте предвидени за „Дојранското лето 2013“.

Дојран Гурман фест всушност претставува фестивал на традиционална храна од дојранското поднебје. За таа цел ги активиравме сите постоечки здруженија на жени во општината за да земат учество како би направиле оваа манифестација да си го добие потребниот епитет. Најголем акцент ќе се даде на специјалитетите од риба но ќе се приготвуваат и сите оние пекарски специјалитети кои нашите баби ги спремале за своите трпези.

Во забавниот дел настапија  КУД “Ѓорѓи Абаџиев”, распеани дојранчанки и македонската поп ѕвезда Александар Тарабунов.

Дозволете ми да го изразам моето големо задоволство што денес, на ова место каде што во зародиш е една нова манифестација,на која ќе се презентираат со децении стари рецепти, во непосредна близина на вековното езеро се случува  едно хармонично единство, градирајќи го до степен на заштитен знак на традицијата на македонската култура, до степен на зачувување и градење свесност за македонскиот белег, за македонското национално јадро, имаме можност да го уживаме спојот на кулинарството и уметноста, старото и модерното, едноставно иамме можност да уживаме во магијата на Дојран“ – истакна градоначалникот на Дојран Борче Стамов.

 

You May Also Like