„Љубојна brass fantasy“ во Битола

Вечерва (четврток, 6 декември) во 20:00 часот во Центарот за култура во Битола, свој настап ќе има групата „Љубојна“ која ќе го означи стартот на годинашното издание на Фестивалот на музика од светот.

Ова ќе биде промоција на најновиот албум на музичката група Љубојна „Ljubojna brass fantasy”. Албумскиот материјал кој битолската публика имаше можност да го чуе летово на прекрасниот концерт на групата во Хераклеа во склоп на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, својата официјална промоција во Битола ќе ја има во рамките на Фестивалот на светска музика. Впечатливите сегменти од албумот воедно ќе претставуваат увертира во овогодинешното издание на фестивалот.

You May Also Like