Пиано дуото Марк Соле-Лери / Фредерик Шовел на Охридско лето

Утревечер (понеделник, 25 јули 2011 година) во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на истакнатото пиано дуо Марк Соле-Лери / Фредерик Шовел, кое во своето повеќегодишно постоење (од 1990 година) се промовира како еден од најуспешните ансамбли од ваков вид во Франција и надвор од неа, а неодамна стана добитник на наградата на конкурсот „Григ“ во Осло – Норвешка.

Двјцата успешни пианисти своето образование го стекнале на познатите Conservatoire National de Région во Лил, Франција; Royal Associated Board во Лондон; Conservatorio di Santa Cecilia во Рим, Accademia Chigiana во Сиена и Ecole Normale Supérieure во Париз.

Одличната меѓународна кариера дуото Соле-Лери – Шовел ја закитува со настапи на престижните фестивали и концертни серии ширум светот меѓу кои се: Estivales du Conseil Général des Alpes Maritimes, познатите “C’est Pas Classique” серии во Ница, “Rendez-vous de la médiathèque” во Кан, “Festival de Ville d’Avray” близу Париз, “Фестивалот на новооткриената и заборавена музика” во Краков, “Festival de Tarragona” во Шпанија, “Cranberry Coast Concert” сериите во Масачусетс,  “Gala for Two Pianos” на Флорида, како и во Италија, Норвешка, Романија. Музичарите настапуваат и со оркестрите (“Camerata Valahica” од Букурешт и францускиот камерен оркестар “I Solisti Azzurri”), изведувајќи концерти за две пиана.

Средбата на Соле-Лери /Шовел со кубанско-американското пијано дуо Kirk Whipple/Marilyn Morales во 2005 година резултираше со интересни заеднички проекти: двата состава го оформија Пијано квартетот на Обединети Нации (две пиана во осум раце) и одржаа концертна турнеја во Франција и САД. Во 2008 година Квартетот го сними својот прв компакт диск на Универзитетот од Мајами, Флорида.

Концертот на двајцата пианисти ќе започне во 21 часот, а на репертоарот ќе бидат „Семирамида“ од Џ. Росини, „Пер Гинт“ – Суита бр.1 и 2, „Прелудими“ од Ф.Лист и „Рапсодија во сино“ од Џ.Гершвин.

You May Also Like