Вчера вечер се одржаа Македонските хип хоп награди – втора година по ред, со цел да се обедини Македонскиот хип хоп . И овој пат се одбраа најдобрите македонски рап артисти во 9 категорииво клубот Кастро, по избор на публиката. Главни организатори на настанот беа веб порталите www.hiphopmacedonia.com и www.hiphop.mk кои го презентираат македонскиот хип хоп, пред скопската публика.
Пред публиката излегоа Ортографија Кру, Daz Flow, Нож (ХипХоплетика), Sleet & B.I.G. Girl (female MC act), Skopje Crew, Првата Дама (female MC act), UFS, NPU и Подземан Ефект како и танцовата група Get Ready . Официјален DJ на вечерта беше Boogie Man.
За разлика од минатата година бројот на присутните во клубот Кастро беше во помал број, но што не значи дека нашите рап артисти не приредија одлична журка под мотото „Прослави го вистинскиот хип хоп“. За прв пат оваа година присутните можеа да проследат настапи и на женски MC-ја.
`После едномесечното гласање , еве ги и наградените во сите 9 категории:
– Дебитанти/млади артисти: Skopje Crew
– Продукциска куќа: Ошав Продукција
– DJ: Гоце (САФ)
– Настан на годината: DJ Premier
– Најдобро видео: Сиги – Премногу
– Продуцент на годината: Скит Скитара
– Песна на годината: Tonyo San – Green Out Bandit
– Албум на годината: Tonyo San – Друштво на мртвите поети
– MVP: Tonyo San и Сиги
За cOoLTuRa.mk – Христина Панева